СВЕТ

Намалените капацитети во авиотранспортот предизвикаа хаос на аеродромите

Откако по две години беа укинати рестриктивните мерки против пандемијата на коронавирус и побарувачката за патување се врати, авиокомпаниите и аеродромите во Европа, поради намалувањето на бројот на работници, се принудени да откажат летови.

Поради тековната летна туристичка сезона, патниците се соочуваат со хаотични сцени на аеродромите, вклучувајќи долги доцнења, откажани летови и непријатности поради изгубен багаж.

Најпрометниот холандски аеродром „Шипхол“ објави дека ги скратува летовите и има илјадници патници дневно над капацитетот што може да го поднесе безбедносниот персонал.
Извршниот директор на „Ер Франс-КЛМ“, Бен Смит, изјави дека можеби ќе поминат неколку месеци додека „Шипхол“ има доволно персонал за да ја издржи побарувачката. العاب روليت

И лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ бараат од авиокомпаниите да го ограничат бројот на летови. جدول سباق الخيل

Нискобуџетниот авиопревозникот „Изиџет“ откажува илјадници летни летови за да избегне откажувања во последен момент, како резултат на ограничувањата во „Гетвик“ и „Шипхол“.

Околу 2 000 лета се откажани од главните аеродроми во континентална Европа во текот на една недела овој месец, а околу девет отсто се откажани од „Шипхол“, објави воздухопловната компанија „Сириум“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button