ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ЕСМ ќе понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН ХОУМ

Цената со која ЕСМ ќе учествува на тендерот на ЕВН Хоум ќе биде 48 евра за мегават час, дознава Алсат. Ова сума е за 20 отсто повисока од досегашната. Државните електрани ќе понудат 100 отсто од потребната количина на електрична енергија за домаќинствата кои струја добиваат од Универзалниот снабдувач.

Цената на ЕСМ има најголемо учество во крајната цена која ја плаќаат граѓаните. Според информациите и останатите енергетски компании побарале зголемување на цената на струјата. Сега на ред е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи кои трошоци ќе ги прифати од енергетските компании и на тој начин ќе ја формира цената за следните шест месеци. Одлуката треба да биде донесена до крајот на идната недела. Досегашната цена изнесуваше 36 евра за мегават час. Последното зголемување на цената на струјата изнесуваше речиси 10 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button