ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Наместо на програмата, партиите фокусирани на дискредитации и говор на омраза“

„Наместо на програмата, партиите фокусирани на дискредитации и говор на омраза“

Со доаѓањето на предизборната кампања се заострува и реториката на политичките партии. Според организациите кои ќе го следат изборниот процес, оваа кампања ќе биде тензична. Од невладината организација „ЦИВИЛ“ велат дека политичките партии предвреме почнале да ги објавуваат заложбите за следниот мандат за да ги добијат гласовите на граѓаните.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а по две недели, поточно на 8 мај, заедно со вториот круг за избор на нов претседател на државата, ќе се одржат и парламентарните избори. Според невладината ЦИВИЛ, трката ќе биде силна и во двата блока и кај Албанците и кај Македонците, меѓу сегашната власт и опозицијата.

Тие ги повикуваат граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на политички провокации, бидејќи ниту мерењата на рејтингот на социјалните мрежи не се толку релевантни и нивната веродостојност е доведена во прашање во зависност од тоа кој ги објавува. Годинава ЦИВИЛ ќе ги следи и изборите со мобилни тимови во секое избирачко место и во општинските изборни комисии, но и директно во ДИК./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button