ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наместо обединување, вербална преписка меѓу Пендаровски и Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утрешната манифестација која се подготвува на Мечкин Камен ја нарече циркуски церемонијал. Мицкоски вели, наместо празник за сите граѓани како што традиционално со децении се организирало за втори август, сега власта на импровизиран начин се обидува да го чествува овој голем празник на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува утре во Крушево.

Advertisements

„Што се однесува до овој начин на, би рекол импровизирано чествување на најголемиот за македонскиот народ, но би ве потсетил на Крушевскиот манифест, тоа претставува празник на нашите сограѓани, без разлика дали се тоа Албанци, Турци Роми, Власи, Срби, Бошњаци.  Ова што денеска се случува е класична импровизација.  Дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Пендаровски нема да биде делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На ваквиот став на опозицискиот лидер со писмена реакција излегоа од кабинетот на претседателот. Од Вила Водно велат дека Претседателот Пендаровски жали што неговиот искрен обид за надминување на длабоките политички разлики барем на Илинден не беше разбран од дел од политичките лидери за кои партијата е сѐ уште пред државата.

„Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев“, изјави Стево Пендаровски претседател.

Ова преписка на релација Мицкоски -Пендаровски доаѓа во пресрет на утрешниот празник и одлуката на претседателот на државата наместо говори, празникот во Крушево да се одбележи со полагање на венци и со културна програма. Од Кабинетот на шефот на државата упатија покани до сите политички партии заднички да се одбележи 2 август. Поканите ги прифатија премиерот Заев, претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседатели на помалите партии, а нема потврда дали ќе присуСтвува претседателот на Алијанса Зијадин Села.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button