Наместо вода, од чешмите во Палчиште течат ветувања
Наместо вода, од чешмите во Палчиште течат ветувања

Над 1.200 куќи, со околу 2.500 жители во селото Палчиште со децении страдаат од недостиг на вода за пиење. Се сменија многу градоначалници на Општина Боговиње, а секој од нив ветуваше изградба на водоводот, но тоа никогаш не се случи. Неодамна жителите го изразија својот револт со блокирање на патот и најавија протести пред општината. العاب بلاك جاك Градоначалникот Бесник Емшиу им вети дека почетокот на работите за изградба на водоводот е прашање на денови. ربح الاموال Но, две недели подоцна, на теренот не е почната никаква активност.
„Не, работите сè уште не се започнати. العاب تربح منها المال Рекоа дека ќе почнат, но сè уште нема ништо. Вода имаме само два часа, од 6 до 8 часот, повеќе нема, секогаш одиме во Новаци или Тетово да полниме или да купиме, во ваква состојба сме 15-16 години“.
„Велат дека работите ќе почнат, но никаде ги нема. Ги блокиравме патиштата, божем ќе почнат, но не работат. Стана заморно веќе, бараме каде има чисти извори, одиме и полниме вода за пиење“.
„Нема само да протестираме. Ќе одиме и пред општината и ќе ја блокираме зашто изгледа малку е блокирањето на улицата. Ова е трет градоначалник на општината кој ветува, но нема што да правиме, па работата дојде до протести“.
Алсат го праша градоначалникот зошто работите доцнат? Емшиу повторно вети дека ќе се почне наскоро.
„Ги известив жителите на Палчиште дека проектот го доби фирма од Калник и се чекаат роковите за жалби кои најверојатно поминале, па да започнеме со работите со водата на селото Палчиште. Во моментов за Палчиште се работи на уште два проекта, едниот е проектот за канализација кој е финансиран од Министерството за животна средина и општина Боговиње, а геодетите се веќе на терен, а друг проект е бекатонизација на патиштата што веќе го договоривме со жителите на село Палчиште“, изјави Бесник Емшиу, Градоначалник на Општина Боговиње.
Жителите се заканија дека доколку работите за водоснабдување не почнат до следната недела, повторно ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Гостивар и ќе протестираат пред зградата на општината.
Башким Сулејмани