ВЕСТИЗДРАВСТВО

Направете сами пилинг за совршени усни

Редовното негување на усните подразбира и пилинг за отстранување на сувата кожа, а зошто не би го направите тој пилинг сами место да купувате производи во кои не знаете какви хемикалии има?

Потребни производи:

  • лажица кафен или бел шеќер
  • малку мед (колку да се соедини шеќерот) или малку маслиново или кокосово масло
  • капка екстракт од ванила (не е потребно, освен ако не сакате да додадете арома)
  • мал сад за чувајње на смесата

Навистина е едноставно да се создаде оваа смеса, додадете на шеќерот мед или масло колку што е потребно за да се соедини. Ставете го во садот и користете го еднаш или два пати неделно. Нанесете на чисти усни, истријте ги и оставете минута, две да отстои, а потоа измијте и нанесете балсам или масло, за добра хидратација. Во секој случај со овој третман не треба да се претерува, бидејќи неумерената употреба може да има контраефект.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button