ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наредба за одземање на документацијата за градба на Ковид центарот во Тетово

Обвинителството издаде наредба на СВР-Тетово за одземање на целокупната документација во врска со изградбата на модуларната болница, од самата болница, а исто така и од правното лице – изведувачот на изградбата, дознава Алсат од извори во Обвинителството.

Во меѓувреме, сослушани се дел од сведоците од местото на настанот, дел од лекарскиот персонал кој бил присутен во Модуларната Ковид Болница ноќта кога е избувнал пожарот. Сослушани се и се сослушуваат и останатите лица кои можат да дадат потребни известувања во врска со настанатиот пожар.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button