
Следната година земјава ќе се задолжи со издавање на три нови видови на обврзници. Зелени, развојни и проектни обврзници ќе се издадат со цел да се реализираат поголем број на капитални инвестиции вели министерот за финансии Фатмир Бесим. Преку издавање на проектна обврзница ќе се изгради Коридор- 8, а со зелената обврзница ќе се инвестира во проекти во обновливи извори на енергија. Бесими не открива колкава сума на пари се планира да се земе од издавањето на овие обврзници и по колкави каматни стапки ќе се исплаќаат.
„Ќе има финансирање со издавање на обврзници и тоа развојни, покрај еврообрзниците кои се за директна поддршка на буџетот. Главниот фокус и новината ќе биде издавањето на развојни, зелени обврзници и обврзници во насока на реализирање на проекти, а исто така и во насока е за привлекување заштеда на готовина што е во нашата економија ќе се искористи и нова обврзница индексирана со инфлација. Проекциите не се прават колку би биле во износ за денес тоа ќе се види во буџетот“, рече Бесими.
Покрај издавањето на обврзниците, во првата половина од 2022 година ќе се донесе и даночната реформа. Бесими уверува дека покрај предложената еколошката такса од 3,5 денари за горивата која е во собраниска постапка, нема да има воведување на нови даноци кои ќе се однесуваат за граѓаните и компаниите. Реформата на даноците ќе значи можна измена на веќе постоечки даноци но тие сѐ уште се дефинираат од страна Владата и засегнатите страни.
Андреа Чобанова