ЕКОНОМИЈА

Утре официјално отворање на „Ист Гејт Мол“

Утре и официјално ќе биде отворен „Ист Гејт Мол“, новиот трговски центар кој се наоѓа на локацијата каде што беше некогашниот Скопски Саем. Според очекувањата на менаџментот на трговскиот центар, на годишно ниво се очекуваат 12 милиони посети. Со оваа инвестиција, не само главниот град, туку и цела Македонија ќе стане главен трговски центар во регионот. Во „Ист Гејт“ ќе бидат застапени огромен број светски брендови, угостителски објекти, кино сали, детски катчиња и останати содржини. Освен домашните посетители, се очекуваат редовни муштерии од Србија, Грција, Косово и Албанија.

„Ист Гејт Мол е нова генерација од модерните европски молови. Бенефитите се многукратни, на прво место градот Скопје, но и земјата ја става на европската мапа за шопинг. Молот ќе биде атракција не само за граѓаните од градот, туку и за граѓаните од целиот Балкан. За економијата ќе значи вработување на 1.500 работни места. Сето ова ќе придонесе за подобар квaлитет за живот, задоволство и забава за граѓаните“, рече Сотириос Јанакудакис, Генерален Менаџер на„ Ист Гејт Мол“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button