МАКЕДОНИЈА

Бесплатна телефонска линија за повреда на правата за време на пописот и локалните избори

Граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата за време на пописот и за локалните избори 2021 година, од денеска ќе можат да пријават во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатна телефонска линија 0800 54321.

„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставки ќе се составуваат телефонски. Важно е да се истакне дека Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со барање брзо и ефикасно постапување од надлежни органи во процесот на пописот и изборите и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на загарантираните права на граѓаните“, се наведува во соопштението на омбудсманот.

Телефонската линија ќе функционира во текот на времетраењето на пописот и двата круга од локалните избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button