ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците Албанци од Идризово наместо на албански, ќе следат настава на македонски јазик

Поради незаинтересираност на соодветните институции, одреден број ученици од Идризово го прекинаа бојкотот. Основното училиште „Кочо Рацин“ во село Огњанци општина Петровец е последната надеж за овие ученици да го продолжат образованието на албански јазик, од шесто до деветто одделение. Децата чии родители одбија да ги донесат во ова училиште, ќе треба да го продолжат своето образование на македонски јазик во основното училиште „Његош“ во Јурумлери.

 

Колку ученици бевте во шесто одделение? 15. Некои отидоа во училиштето ‘Конгреси и Манастирит’, дојдовме тука. Некои воопшто не учат. Ние им кажуваме што учиме. Еден соученик да учи македонски во Колонија, бидејќи таму имаме до петтo одделение албански, продолжи да учи на македонски.

„Чекав да се отвори училиштето кај нас, но не се отвори и дојдов тука. Колку дена не одевте на училиште, колку пропуштивте? Воопшто не учев две недели. Навистина сакам да се отвори таму затоа што е поблиску.

И во Колонија сакаме да учиме албански до деветто одделение. Треба да се изгради во Идризово бидејќи далеку е од Колонија.

Од ОУ „Кочо Рацин“ велат дека од година во година наставата во ова училиште станува сè потешка поради зголемувањето на бројот на ученици.

„Веќе три години учениците ги носат тука со тврдење дека ќе изградат училиште во село Идризово. Првата година ги прифативме иако се стиснати, имаме многу ученици. Не можеме да ги оставиме на улица, децата не се виновни, тие треба да се образуваат, нивна последна надеж за на албански јазик. Минатата година, петтото одделение имаше 21 ученик, ако дојдат кај нас 10 или 12 ученици, ние стануваме 32 или 33 ученици во тоа шесто одделение, а услови немаме.“,  вели Ахмет Незири, Раководител на училиштето „Кочо Рацин“, с. Огњанци.

На првиот училишен ден протестираа и родителите и учениците од село Идризово, кои бараа образование на албански јазик од шесто до деветто одделение, во основното училиште „Њeгош“ во Јурумлери. Во 2019 година, општина Гази Баба го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште. Потоа одлучи да изгради ново училиште во Идризово каде што би учеле сите деца од селото. Но, одлуката за ново училиште остана само на хартија.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button