ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител со годишен извештај за кршењето на човековите права

Народниот правобранител со генерален заклучок дека 2023-та била многу тешка година за слободите и правата на граѓаните и за напорите за заштита на нивните права, особено за заштитата на правата на децата. Негативните појави, вели тој, кулминирале со убиството на младата Вања Ѓочевска. Ненавремено издавање потврди, ненавремена дистрибуција на учебници, ненавремено започнување на образовниот процес, како и ускратување на правото за настава на мајчин јазик се само дел од проблеми со кои се соочуваат учениците оваа година.

Advertisements

„Овде сакам да истакнам дека учениците Албанци во некои општини, Гази Баба, Велес и Чашка, беа соочени со ускратување на правото да учат на албански јазик. Станува збор за средношколци во општина Велес. Непочитување на правото за настава на мајчин јазик имаше и во општинското основно училиште Његош, Јурумлери, општина Гази Баба. Сличен проблем имавме и во областа на образованието во основното училиште Тодор Јанев во општина Чашка. Тука станува збор за одбивање да се отвори паралелка на албански јазик за учениците од прво одделение“, рече Насер Зибери, народен правобранител.

Зибери нагласи дека годината била многу тешка и за лицата кои издржуваат затворски казни низ затворите во земјава. Според него, за овие лица не се создадени соодветни услови за ресоцијализација.

„Контролата беше спроведена пред извесно време од страна на МВР во затворот Идризово, поточно во полуотворениот дел од затворот. Според изјавите на затворениците, тие биле неправедно жртви на полициско насилство. Ги врзале, биле тепани по сите делови од телото иако не давале никаков отпор на контролата што ја вршела полицијата. Вршењето насилство, тортура и нехумано постапување се забранети дела. Народниот правобранител пред надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава за тешка повреда на правата на граѓаните“, додава Зибери.

Зибери и годинава изрази незадоволство од соработката на главните институции и органи со институцијата Народен правобранител, што, според него, го оневозможило остварувањето на правата на граѓаните.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button