Наскоро закон за сајбер безбедност, насочен кон заштита и стабилност на енергетскиот сектор
Наскоро закон за сајбер безбедност, насочен кон заштита и стабилност на енергетскиот сектор

Новинот закон за Сајбер безбедност се очекува до крајот на месецов да ја помине владината, а на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура, вели министерот за Дигитална трансформација Стефан Андоновски. Андоновски очекува законското решение да биде подржано од сите пратеници.
Изјава Стефан Андоновски – Минситер за Дигитална трансформација.0,13-0,31 // 0,55- 1,060077
„Имајќи во вид колку сега сајбер нападите се насочуваат кон критичната инфраструктура и колку на удар можат да бидат системите за снабдување со електрична енергија, за производство на електрочна енергија, од исклучително значење е ваквиот самит на кој што ќе се дискутираат политиките на дигитализација во смисла на енергетиката. Се надевам во наредниот период ќе изградиме целосен систем кој што ќе го штити ова министерство и секако расположливите капацитети на Македонија во делот на енергетиката.
Министерктата за енергетика Сања Божиновска, вели дека законот за сајбер безбедност најмногу ќе биде насочен кон енергетиката, со цел да не се случуваат напади како во минатото и да имаме постабилен енергетски систем.
„ Енергетиката е многу важна и како што знаете минатата година МЕПСО имаше сајбер напад, тоа траеше неколку месеци, тоа е критична инфраструктура за целата држава и тука мора да дадеме поголем акцент, односно да сме заштитени и за далеководите и за целото наше производство и комуникација со хидроцентралите и термоцентралите, тие се многу важни од национално значење така и секаде во светот„, рече Сања Божиноска – Министер за Енергетика.
Божиновска не откри кој ќе ја врши сајбер безбедноста, дали се работи за приватна компанија . Нагласи дека Министертвото за Дигитална трансформација ќе го води тој процес и во иднина во координација со нив ќе го соопштат изброт.
Законот за безбедност на мрежни и информацискиски системи задолжително ќе се применува за централната и извршна власт (Влада, министерства и останати органи на државна управа), на локалната самоуправа (Општини, Град Скопје и општини во Град Скопје), државните органи и регулаторните тела кои се отчетни пред Собранието, како и за самото Собрание и за судовите.
Законот нема да биде задолжителен за органите од областа на одбраната, безбедноста и спроведувањето на законите, меѓутоа овие органи по сопствена одлука може да го применуваат законот, особено доколку немаат воспоставено сопствени стандарди за сајбер безбедност./Алсат.мк
Ангел Димовски