ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Боки 13: Политички багабонти ми вршеа притисок

Бојан Јовановски или Боки 13 денеска во судница посочи дека иако имал политички притисоци не подлегнал на закани.
“Не подлегнав на политички притисоци од политички багабонти”, рече Боки во судница и беше прекинат од судијата.
На тоа Јовановски одговори дека судијката која суди е политички инструирана. Тој побара и изземање на сидијката Софче Гаврилова поради тоа што смета дека таа е пристрасна оти била дел од судечкиот совет кој го осуди на девет години во случајот Рекет за изнуда од над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.
Со тензија и расправија на релација судија обвинет продолжи судењето за случајот Меѓународен сојуз, каде освен Боки 13 обвинети се и неговиот татко Миле, две соработнички и поранешната потпретседателка на СДСМ и екс пратеник, Фросина Ременски.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button