ВЕСТИРЕГИОН

Словенија заедно со Унгарија и Полска во блокирањето на планот за реконструкција

Словенечкиот премиер ги поддржа Унгарија и Полска во конфликтот со ЕУ и исто така го осуди механизмот за поврзување на обезбедувањето средства на Унијата за почитување на владеењето на правото.

„Само независно судско тело може да каже што е владеење на правото, а не политичкото мнозинство“, напиша Јанез Јанша во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Словенија не им се придружи на Унгарија и Полска на состанокот на претставниците на ЕУ во понеделникот, кога тие го блокираа усвојувањето на буџетот на ЕУ и планот за реконструкција поради механизам за условување на финансирањето со почитување на владеењето на правото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button