КОШАРКАСПОРТ

Натпреварот Мемфис- Лејкерс, траеше 66 секунди повеќе од предвиденото?!

Натпреварот помеѓу Мемфис Гризлис и ЛА Лејкерс одигран ноќта помеѓу петок и сабота предизвика скандал во НБА лигата бидејќи траеше 66 секунди повеќе од предвиденото според правилата.

Грешката беше направена при самиот крај на третата четвртина кога наместо да се ресетира само семафорот за траење на напад, беше додадена повеќе од минута на семафорот кој го одбележува крајот на натпреварот. На 1:14 до крајот мистеризоно беа додадени минута и шест секунди кој никој не ги примети на самиот натпревар.

Пропустот беше увиден од страна на фан кој го објави тоа на социјалните мрежи, а набргу потоа следеше и реакција на НБА лигата признавајќи ја грешката која сепак не влијае на конечниот исход и победата од 123-120 на ЛА Лејкерс со оглед на тоа што во додадените минути двата тима постигнаа по само два поени.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button