СПОРТ

Холовеј го освои “БМФ” појасот откако го нокаутира Џастин Гејџи

Mакс Холовеј го освои БМФ појасот откако го нокаутира Џастин Гејџи во последната секунда од жестоката борба во пет рунди за време на настанот УФЦ 300. Борбата за појасот за симболичната титула на промоцијата ги оправда очекувањата, а нејзиниот крај беше особено спектакуларен.

Појасот БМФ не е најголемото признание на УФЦ, за многумина е дискутабилен, но неговата кратенка сама по себе доволно зборува за што се работи. БМФ е кратенка за „baddest motherfucker“, односно во малку полабав превод се доделува на најопасниот фраер. Во неделата наутро тоа стана Макс Холовеј.

Холовеј беше подоминантен и имаше предност, но бараше спектакуларен финиш. На само десет секунди пред крајот на борбата, тој му покажа на средината на кафезот на противникот и го повика да дојде. Следеа десет секунди удари без одбрана, а во последната секунда десното кроше кука на Холовеј падна на лицето на Гејџи за да стави крај на жестоката пресметка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button