РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров со скратен список за бараж натпреварите против Фарските Острови

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави скратениот список за бараж натпреварите против Фарските Острови за пласман на Светското првенство.

Лазаров за овој клучен двомеч ќе смета на 20 ракометари, а на списокот се и седум резерви. На списокот има тројца интернационалци, тоа се Никола Митревски (Порто), Филип Талески (Бенфика) и Никола Костески (Плзен). Хендикеп ќе биде отсуството на Ненад Костески кој се повреди и за кого сезоната е готова.

Собирот на ракометарите е закажан за 3. мај. Првиот натпревар со Фарските Острови го играме на 8. мај во Торшавн, реваншот е на 12. мај во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button