ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Единствено со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

Изет Меџити, лидерот на партијата Демократско движење, кој е дел од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците вели дека по изборите на 8 мај не сакаат да бидат дел од „некоја Влада која нема да биде европски настроена“.

Меџити, денеска во изјава за медиумите, рече дека единствено со партијата Левица не би сакале да бидат дел од иста Влада, бидејќи, како што рече, таа е антиевропски настроена.

„Ние не сакаме по секоја цена да бидеме дел од некоја Влада која нема да биде европски настроена. Цениме дека таква партија е само Левица, која е антиевропски настроена и со нив не би сакале да сме во иста Влада. Другите, кој повеќе, кој помалку, се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција“, рече Меџити одговарајќи на прашањето дали уставните измени и натаму се нивниот главен услов за влегување во новата влада.

На прашањето кои се условите што ќе му ги предочат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако тој веќе најави оти „Вреди“ ќе биде дел од новоформираната влада по изборите Меџити рече дека сега се фокусирани на промовирање на нивната кампања и на победата на изборите.

„Фокусирани сме на промовирање на нашата кампања, на победата и уверени сме дека ние ќе бидеме претставници и ќе го имаме легитимитетот на Албанците и ова е нашиот фокус до 8 мај. После тоа ќе седнеме и ќе преговараме за програмата на владата каде што ќе има усогласување. Ние сме стожер и партнер и на меѓународната заедница и на граѓаните дека Македонија ќе се движи по патот кој е единствена алтеранатива за земјата, а тоа е евроатланскиот процес“, рече Меџити.

Прашан за коалицирањето победник со победник, Меџити рече дека тоа е од 2006 година, но оти ДУИ во 2016 година го има прекршено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button