ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Гаши од „Вреди“ вели дека албанската опозиција веќе договорила важни ресори во МВР во идна влада

Лидерот на Алтернатива која е дел од коалицијата „Вреди“ Африм Гаши денеска се осврна на условот за уставни измени, а со свој коментар и за учество во идна влада, за што објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Договорени се институции во секотор внатрешни работи, изјави тој.

-Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и, се разбира, победници на овој блок, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори. Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива и еден од лидерите на „Влен“.

Тој порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Коалицијата „Вреди“, како што оцени Гаши, е гаранција дека уставните измени ќе бидат усвоени во идната влада.

-Останете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција „Вреди“ е гаранција во идната влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро, изјави Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button