СПОРТФУДБАЛ

Марсело Брозовиќ се враќа во Европа, и тоа во шпанската Ла Лига?!

Марсело Брозовиќ би можел да се врати во Европа и да го облече дресот на Барселона, која многу го посакуваше минатото лето, но преговорите со Интер пропаднаа. Каталонците не сакаа да им ја платат соодветната сума на „нероаѕурите“, па новиот шампион на Италија го продаде 31-годишниот играч на Ал-Наср за 18 милиони евра.

Сега Барселона е решена повторно да тргне по Брозовиќ и овојпат се надева на успешно завршување на преговорите со цел освежување на средниот ред. Барселона сака што побрзо да се врати на патеките на старата слава и подготвува нова револуција во тимот на лето, па идејата за ангажирање на Брозовиќ стана сериозна опција.

Додека играше за Интер Брозовиќ беше еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот, има 31 година и дефинитивно не е за „старо железо“. Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, сака промени во линијата за врска. Покрај Брозовиќ, во комбинациите е и Гвидо Родригез од Бетис, а веќе подолго време се споменува и Џошуа Кимих.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button