СПОРТФУДБАЛ

Шпетим Дуро: Направивме елементарни грешки во последната линија

Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум, беше непријатно изненаден од тимот на Силекс во мечот од 29. коло на Првата Лига и успеа да загуби и покрај водството од 2-0 во првото полувреме.

Кратовчани успеаја со чудесен пресврт да стигнат до трите бода крај езерото, а тренерот на домаќините, Шпетим Дуро, смета дека потфрлила дефанзивната линија и се надева дека целата екипа ја извлекла потребната поука.

„Направивме елементарни грешки во последната линија. Имавме два гола предност и на крајот го загубивме натпреварот. Мислам дека тоа е недозволиво, но нека ни биде добра лекција за преостанатите предизвици.

Нападот беше на високо ниво, но не смееме да правиме вакви грешки во дефанзивата. Се надевам дека ќе извлечеме поука од овој меч и во иднина ќе бидеме далеку подобри“, изјави Дуро.

Струга сега има ист број на бодови со второпласираниот Шкупи (58), а во следното коло ќе отпатува во Кавадарци и ќе се сретне со незгодниот тим на Тиквеш.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button