ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази загриженост за, како што велат, дискриминацијата на жените во однос на плати но и раководни позиции во државните институции.
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази загриженост за, како што велат, дискриминацијата на жените во однос на плати но и раководни позиции во државните институции.
Разликата во просечните приходи меѓу жените и мажите укажува на дискриминација кај жените, сметаат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Од таму велат дека најдискриминирани се жените на возраст од 30 до 40 години, кога одлучуваат да основаат семејство.
Од Хелсиншки комитет велат дека државата постојано се труди да покаже дека жените се рамноправно застапени на високи позиции, но во пракса тоа е поинаку.
На панел дискусијата беше истакнат фактот дека половина од жените во Македонија се неактивни и не бараат работа. Повеќе од 50 отсто од нив тоа го оправдале со обврските што ги имаат со грижата за семејството./Алсат.мк
Линда Ебиби