Климатски ПромениСВЕТ
Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде „посвежа“ од претходните две

Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата.
Според податоците на британската метеоролошка служба, 2025 година ќе биде за околу 1,29 степени потопла од пред индустриската ера, пишува „Скај њуз“.
Стакленичките гасови, кои првенствено доаѓаат од фосилни горива, продолжуваат да се таложат во атмосферата, загревајќи ја планетата.
Затоа научниците веќе се прилично сигурни дека и следната година, која се очекува за некоја децимала да биде „посвежа“ од претходните две, веројатно ќе донесе високи дневни температури.