МАКЕДОНИЈА
Наумовски: Со поддршка од ГЕРБ до можна промена на бугарската декларација

Поранешниот амбасадор во САД, Васко Наумовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги коментираше можните случувања во бугарската политика во престојниот период, оставајќи ја при тоа можноста во Бугарија да се формира ново парламентарно мнозинство кое би можело да донесе нова Декларација во врска со нашата држава.
„Петков е соочен со проблеми и во владејачката коалиција и со опозицијата. Доколку одат на предвремени парламентарни избори до крајот на годината веројатно и таму ќе треба да се прилагодат коалициите. Не би ме зачудило доколку евентуално мнозинство за некаква нова декларација во бугарскиот парламент се состави и со поддршка на поранешната владејачка партија на премиерот Борисов, ГЕРБ“, вели Наумовски.