ВЕСТИЕКОНОМИЈА

НБМ: Економскиот раст до крајот на годинава ќе забави

Економскиот раст на земјава до крајот на годинава ќе забави. Народната банка во најновите проекции ги намали очекувањата за растот на БДП од 3,9 на 2,9 проценти за годинава. Стапката на инфлација пак се очекува да биде 8,8 проценти. Пролонгираната војна во Украина и ефектите од пандемијата се причините за намалените очекувања на економскиот раст. Од втората половина на годинава можно е цените на енергенсите и храната да се намалуваат.

„Генерално во првата половина од оваа година би се постигнала највисоката стака на раст инфлација а постепено таа би забавувала до крајот на годината, Засега меѓународните монетарни институции очекуваат умерно стабилизирање на цените на примарните производи до крајот на годинава“, рече Анита Ангеловска Бежовска- Гувернерка на НБРМ.

Од Народната банка не ја искучуваат можноста повторно да има корекција на каматните стапки на благајничките записи за ублажување на инфлацијата. Доколку Европската централна банка превземе ваков чекор и НБРМ ќе реагира. Ова би значело и зголемување на каматните стапки на кредитите кои ги имаат граѓаните во банките.

„Генерално очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре но се прават обиди да се прави тоа умерено за да не се одрази позначително кај кредитната активност кај населението“, додава Бежовска.

За следната година се очекува инфлацијата да падне на 3 проценти, додека пак растот на БДП да се зголеми за 3,6 проценти. Со оглед на неизвесноста до крајот на годинава НБРМ може ќе има дополнително ревидирање на макроекономските очекувања.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button