ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Не им даваат вработување, без статус 500 работнички во градинките

Повеќе од 500 воспитувачки и негувателки во градинките низ целата држава со години работат со нерешен статис, односно со договор на дело. Дополнителен проблем е велат од СОНК, што по разни основи многу од местата кои остануваат испразнети поради заминување во пензија или давање отказ, најчесто не се пополнуваат со нови кадри.

„Од причина што Министерството за финансии не дава согласности за вработување на нови работници. Ова мора некако да го бајпасираат општините бидејќи се основачи на установите од детската заштита и примаат работници на определно време преку Агенција за привремени вработувања и ги финансираат и плаќаат од сопствениот буџет. Се плаќаат паушално, со многу ниски плати, некаде и далеку под минималната плата“, вели Јаким Неделков-претседател на СОНК.

И за оние со решен статус ваквата состојба им претставува голем проблем во секојдневното работење.

„Тоа е тешко и за останатите вработени бидејќи е мал бројот на вработени. Се менуваат, одат на боледување постојаните колешки и поради тоа се намалува работната способност на сите. Голем број од колешките покриваат по две или три групи и поради тоа фунцкионалноста не е иста“, рече Биљана Петкоска- вработена во градинка.

„Сè поголем е недостигот на персонал и тоа се одразува на работата. Бројот на децата е огромен, а немаме кадар да се покрие тој број и да се одвива воспитно-образовниот процес онака како што треба, квалитетно. Поради тој недоволен кадар доаѓаме само на згрижувачка дејност“, додава Нада Спанџовска-вработена во градинка.

Од градинките велат дека не само што треба да се зголеми бројот на негувателки и воспитувачки, туку треба да се обезбедат, подобри услови и да се внимава на бројот на деца во групите. Само во детската градинка во Струга 21 негувателка и воспитувачка со години работат со договор на дело и за плата од само 9.000 денари.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button