МАКЕДОНИЈА

Не сакаме ниту да погледнеме документ кадешто се споменуваат македонскиот јазик и идентитет, за тоа не преговараме, вели Заев

Премиерот Заев во изјава за медиумите изрази надеж дека со ангажманот на португалското претседателство со ЕУ, на 22 јуни државава ќе добие датум за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. Заев рече дека позициите на Скопје во врска со спорот со Софија остануваат исти, односно нема да се разговара за македонскиот јазик и идентитет.

„Македонскиот јазик, македонскиот народ и македонскиот идентитет се работи за кои не сакаме ниту да погледнеме документ, не преговараме. Тоа им е јасно на сите“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button