ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се знае кога ќе започне вакцинацијата против сезонски грип

За само 24 часа, интерес за да се вакцинираат против сезонски грип пројавиле околу 11 илјади граѓани. И покрај големиот интерес, Министерството за здравство се уште не знае кога ќе почне вакцинацијата. АЛСАТ упати прашања до овој ресор, а ни одговорија дека секој што закажал ќе биде известен преку смс, без да наведат датум за почеток на процесот. Од велат дека поголем интерес покажала возрасната група над 65 години.

„Во текот на вчерашниот ден 10.121 граѓанин покажале  интерес за вакцинација против сезонски грип. Од оваа бројка, најголем интерес е забележан кај граѓаните над 65 години, односно 6.446, од кои најголем дел се од Скопје. Интерес за комерцијални вакцини има преку веб-страницата вакцинација.мк. Пациентите кои се пријавуваат преку оваа страница ќе добијат смс пораки за точното време и точка на вакцинација, за назначениот термин”, велаат од „Мој термин“

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје вели дека очекува Министерството за здравство да даде зелено светло за да започнат со вакцинација. Цената од 800 денари за комерцијалните вакцини најверојатно нема да се зголеми, туку ќе остане иста.

„Ќе имаме 4.000 дози и тоа се комерцијални дози и повеќе им требаат на луѓето кои се надвор од оние групи што ги предвидува Министерството. Ако ме прашате дали го одложуваме овој процес, одговорот би бил не, бидејќи потребни се 2 – 3 недели откако ќе се примени вакцината за лицето да постигне имунитет. Кога знаеме дека врвот на сезонскиот грип е во јануари, во текот на месец ноември или до крајот на ноември, вакцинацијата против сезонски грип може да се спроведе”, вели  Бесим Зеќири, директор на ЦЈЗ Скопје

40.000 дози бесплатни вакцини се наменети за ранливите категории граѓани кои за да ги добијат бесплатно мора да закажат преглед преку матичниот лекар. Сите останати граѓани мора да платат 800 денари и истите можат да ги добијат без термин. Оваа вакцина првенствено се препорачува за хронично болни лица над 65 години, трудници, деца од 6 месеци до 5 години и здравствени работници. Вакцината против грип може да се даде 14 дена по вакцината против коронавирус.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button