ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прегласување во Желино, БЕСА се заканува со напуштање на владата

Движењето БЕСА во рок од неколку дена ќе одлучи дали ќе остане во Владата, заедно со ДУИ. Генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа изјави дека доколку партиските органи одлучат БЕСА да продолжи да владее со ДУИ, тој лично ќе поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство. Хоџа категорично рече дека не може да биде во влада со партијата која се обидува да манипулира со изборните резултати во oпштина Желино.

„За себе, тргнувајќи од мојот личен интегритет, дури и ако партиското раководство или партиските тела одлучат да продолжат во влада, јас нема да бидам министер во оваа влада. И ова е изјава од која немам намера да се повлечам“, вели Аријанит Хоџа

И претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, на прашање на Алсат рече дека за неколку дена ќе се соберат сите органи на партијата и ќе се донесе одлука дали ќе останат или ќе ја напуштат Владата. Коментирајќи ги позициите на Движењето БЕСА, претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека не верува дека Движењето БЕСА ќе ја напушти Владата.

 

„Не мислам дека вакво нешто ќе се случи затоа што ништо не и помага на БЕСА ако се повлече, секако, нанесува штета на сопствената партија, но тоа може да е како еден вид притисок врз коалицијата, но коалицијата не трпи штета од ваквите изјави и притисоци“, вели Али Ахмети, претседател на ДУИ

Но, Хоџа изјави дека Али Ахмети е навикнат да си игра со други партнери во Владата, а Движењето БЕСА тоа нема да го дозволи.

„Можеби Ахмети не е навикнат досега, затоа што имало други политичари што ги нашол во Владата кои можат да ги поделат политичките партии и такви работи. Ќе видиме дали е така или не, но мислам дека Ахмети треба постепено да се подготви за да замине во опозиција“, вели  Аријанит Хоџа, Движење Беса

Судирите меѓу ДУИ и Движењето БЕСА почнаа по објавувањето на резултатите од локалните избори. ДУИ поднесе приговор до ДИК со барање за прегласување во општина Желино, општина која ја доби Движењето БЕСА. ДИК пресуди во корист на ДУИ, но Беса ќе ја обжали одлуката до Управниот суд.

Мефаил Исмаили 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button