МАКЕДОНИЈА

Нечев: Датумот не е единствен предизвик, почетокот на преговорите би можело да биде и почеток на маките

Определувањето на датум за преговори со ЕУ не е единствениот предизвик со кои би се соочиле, туку е важна и самата преговарачка рамка, вели во своето вечерашно вклучување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Зоран Нечев, од Институтот за демократија. Како што оценува тој, преговарачката рамка би можела да се претвори во нови маки за нашата држава.

„Не треба да се трча кон тоа – дали ќе се почнат преговорите. Многу е битно што сѐ ќе содржи таа преговарачка рамка дури и да има политички интерес да е почнат преговорите. Ако тој компромис којшто треба да го направиме со Бугарија оди до таму да предизвика комплетно разочарување и недоверба од страна на македонските граѓани, тогаш самиот почеток на преговори ќе биде почеток на маките и на сѐ поголемата разочараност и одбивност на македонските граѓани кон ЕУ и кон процесот на проширување“, вели Нечев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button