МАКЕДОНИЈА

Кацарска: Тешко посериозна иницијатива од Франција пред тамошните избори

Симонида Кацарска, од Институтот за европска политика, не очекува дека во следниов период, пред одржувањето на претседателските избори во Франција, ќе има посериозна иницијатива за отворање на пристапните преговори со земјава. Во своето вечерашно вклучување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашана околу очекувањата од француското претседателство таа вели:

„На Франција ѝ престојат претседателски избори. Во оваа констелација не верувам дека постои простор за голем ангажман пред претседателските избори. Мислам дека затоа беше и оној самит најавен од страна на претседателот Макрон е планиран за крајот на претседателството, односно за некаде во јуни. Секогаш постои можност за изненадување, меѓутоа, мислам дека ангажманот, ако се случи, би бил при крајот на претседателството“, вели Кацарска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button