ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неделков: Штрајкот е затворен, преговорите завршија

Регулиран е делот од колективниот договор за вработените во градинките со што оние коишто штрајкуваа нема да имаат скратени плати, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на заедничката прес конференција со министерката за Труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

„Денеска го заокруживме процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП. Она што беше како спорно, исплатата на дневници на вработените во градинките кои штрајкуваа, денеска со измена на колективниот договор во тој дел го регулиравме и тоа право на вработените. Сметавме дека од разни причини се дискриминирани, не беше во ред ним да им се скрати од палтата. Сметам дека покрај оние договорени 15% и отпочнување преговори за нов колективен договор, овој процес на штрајk и преговори со МТСП e затворен“, рече Неделков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button