Неевидентираните лица во Тетово бараат решавање на проблемот од институциите
Неевидентираните лица во Тетово бараат решавање на проблемот од институциите

Се вика Африм Бериша. Во Македонија живее 27 години. Тој е оженет и има седум деца, но никогаш не добил никакви документи, па дури и привремени. Поради тоа, тој не можел да се вработи, а здравствените услуги ги плаќал од џеб. Тој вели дека многупати се обратил до институциите да му бидат доставени документи, но залудно. Дури ги обвини дека барале поткуп.
„27-28 години немам ниеден документ. Одам ваму-таму само ме мамат, и ништо не ми даваат. Оженет сум со седум деца, сите родени овде, но јас имам проблем. Не ми даваат документи, бараат мито, дадов 2000 евра, немам веќе пари да дадам. Не можам да одам во полиција со овие документи, бидејќи се лажни, ме измамија, зедоа 2000 евра. Имам проблем, без документи, лекувањето е приватно, ако имаш ќе се лекуваш, ако не ништо“, изјави Африм Бериша, без документи.
Африм денеска дојде во општината да се заинтересира за новините од Законот за нерегистрирнаи лица, што го организираше Министерството за труд и социјална политика. Најмалку 30 други луѓе го имаат истиот проблем како Африм.
Владата соопшти дека со новиот Закон за нерегистрирани лица, кој беше донесен пред две години, овие лица отсега ќе имаат право да се запишуваат во посебен регистар и да бидат обезбедени со небиометриска лична карта, но која ќе биде доволна за остварување на нивните основни права, образование, здравствени услуги, вработување и социјална заштита.
Од општина Тетово изјавија дека наскоро ќе отворат посебна канцеларија за вакви случаи за да се реши проблемот на овие лица. Низ земјава непријавени се вкупно 750 лица, од кои 33 се во Тетово. Од нив, околу 80 отсто се од ромската заедница. Но, се верува дека бројот на фантомски лица е многу поголем.
Башким Сулејмани