ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во некои маркети веќе неколку дена нема масло на полиците

Во некои маркети веќе неколку дена нема масло на полиците

Кризата со маслото за јадење ги натера институциите во земјава да посветат внимание на стимулацијата на локалните производители, за да можат да одгледуваат сончоглед. Владата распиша конкурс за доделување на 5722 хектари во 14 општини каде има климатски услови за одгледување сончоглед. Земјоделците ќе имаат рок од 20 дена да аплицираат.

„Во однос на количината, ќе ја имаме сета потребна количина на локалниот пазар, потребна за потрошувачите. Работиме и на дополнителни мерки, со цел зголемување на производството на сончоглед. Нашата цел е дополнително да го зголемиме производството од нашиот домашен капацитет“, нагласи Крешник Бектеши- Министер за економија.

Нашата екипа денеска беше на неколку маркети да види дали има масло за јадење. Од еден маркет во друг, ситуацијата се менуваше, во некои немаше зејтин на полиците, во други немало масло веќе три дена. Еден од сопствениците ни рече дека со продажбата на маслото услуга прават, затоа што немаат профит.

Дали е ова последното количество што го имате?

Да! Не е важно, суштината е дали имам јас или не, јас немам профит од тоа, но мора да го имаме.
– Затоа што се продава без ДДВ?
Да.
Маркет 2- Извинете далиимате масло?
-Не.
– Но, кога ќе добиете?
Нарачале, но сè уште не донеле. И ние не знаеме кога ќе донесат.
– Колку време немате?
– Два или три дена.

Не, не, нема масло.
– Откако пристигна, не траеше многу, за еден час веднаш беше продаден.
– А кога ќе има?
– Па требаше синоќа да донесат. Донесоа во понеделник. Ајде да видиме денес дали ќе донесат.

Извинете дали имате масло?
– Колку ти треба? Затоа што, само две шишиња имаме право да дадеме.
Да, но дали имате, затоа што не видов? Зошто го нема на полиците?
– Да, затоа што само што пристигна.

Граѓаните веќе почнаа да „одат на лов“ проверувајќи во кои маркети цената на маслото е пониска. Од она што видовме цената се движеше од 125 до 150 денари, а еден граѓанин можеше да купи повеќе од две до три шишиња сончогледово масло.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button