ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недостиг на медицински персонал во кумановската болница

Недостиг на медицински персонал во кумановската болница

Кумановската болница останува со преполовен медицински персонал или без соодветна опрема за вршење здравствени прегледи. И покрај тоа што болницата мора да им помогне на над 200.000 жители на околината, поради исцрпениот капацитет на болницата, пациентите понекогаш се принудени да одат кон скопските Клиники, дури и за мал третман. Од почетокот на пандемијата кога одделението ОРЛ стана центар за КОВИД, нивниот болнички капацитет сè уште не е во функција поради недостиг на опрема и работи само за амбулантски услуги.

„Во минатото имавме егзодус на кадарот надвор од државата, што не можеме веднаш да го надоместиме. Не можеме да обезбедиме секоја услуга да се врши во секоја болница, бидејќи тоа би било огромен товар за нив. За ОРЛ има кадар, но дел од апаратурата е амортизирана и одвреме-навреме имаме дефекти. Ние сме во фаза на нивно снабдување, но оваа постапка трае одредено време“, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Кумановските пациенти се жалат дека треба долго да чекаат за термин. Некои велат дека се принудени да одат во приватни клиники. Во меѓувреме, имало и случаи на подмитување за итни лекувања.

Последниот случај беше со специјалистот офталмолог на одделението за офталмологија во Куманово. И покрај тоа што против неа веќе има тужба, таа се вратила на работа.

Здравствените власти ветија дека кумановската болница ќе се опреми со нов мамограф, додавајќи дека наскоро се планира и магнетна резонанца и компјутерска томографија, која ќе се реализира преку заем од Светска банка.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button