ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нефункционирањето на „Русино“, главоболка за општините од Полог

Нестартирањето на регионалната депонија Русино ги зголеми главоболките на руралните општини од полошко, околу менаџирањето со отпадот. Во повеќето рурални општини во полошко отпадот не се собира навреме.

Advertisements

“Сите општини во полошкиот регион се соочуваат со поголеми потешкотии во однос на менаџирањето со отпадот, бидејќи Русино сè уште не е во функција, со што жителите на Гостивар и градоначалникот на Гостивар ставија рестрикции за другите општини кои треба да го однесат отпадот во Русино. Ќе ја разгледаме можност тие да бидат превезени до Русино, во спротивно, во наредните недела-две жителите на Теарце нема да ја користат оваа услуга”, вели Салајдин Зеќири, од општина Теарце

Како резултат на тоа, некои граѓани сами го најдоа решението со фрлање отпад на полошките полиња.

Ниту во селата во Боговиње со денови не се носи отпадот.

„Чекаме да ни се јават. Требаше да не известат минатата недела во петок, но сеуште нема дозвола да почнат со работа, не добивме одговор. Затоа, чекаме оваа недела да не известат за да започнеме со транспорт на отпадот“, рече Вулнет Асани, Општина Боговиње

Директорот на полошкото заедничко претпријатие, Бесим Догани за Алсат вели дека проблемот е во дозволата за употреба што треба да ја издаде Владата.

„Владата треба да одржи состанок на кој ќе се донесе одлука да се додели дозвола за стартување на Русино, а потоа да се склучат договори со Полошките јавни претпријатија, и да се евидентираат специјалните возила што ќе носат отпад заедно со цените за тон отпад што се очекува да биде околу 2,5 евра“, вели  Бесим Догани

Според раководителите на депонијата Русино, работниците од вчера се на работните места, како кај вагата така и на платежно место за да почнат со работа веднаш по добивањето на дозволата./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button