ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Негативното мислење на МВР за државјанствата добило зелено светло и од заменик-министерот Буши

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски појасни денеска дека ставот на МВР во однос на отфрлањето на предлозите на албанската опозиција за предлог-законот за државјанствата бил координиран и преку заменик-министерот од редовите на ДУИ, Назим Буши. Но, се чини дека тој бил немоќен да го спречи донесувањето на таквиот став на ресорот.

„Н: Дали вашиот заменик, господинот Буши се согласи со мислењето? О: Тоа е мислење на МВР и мислам дека е сосема јасно. П: Се согласи или не? О: Ако е став на МВР тогаш е став на сите по хиерархија тука.“

Предлогот на опозициската албанска коалиција, кој МВР го отфрли, беше до државјанство да се стига со тројца сведоци, наследување на државјанство од прва и втора генерација, наследно државјанство врз основа на брак и добивање на статус на државјанин со познавање само на албанскиот како службен јазик во државава. Во однос на иднината на овој закон, Спасовски нагласи дека евентуален нов предлог-закон единствено може да предложи неговото министерство.

 „Ние разработуваме можни варијанти на Законот за државјанство. Кога ќе бидеме подготвени ќе ѝ соопштиме на јавноста. Ќе го доставиме до Влада. Ќе помине на Влада и ќе оди во Собрание. Носење на вакви решенија кои повеќе се политички памфлети и од самиот текст на Законот нема да сфатите што сакаат оние кои го предлагаат…“

Спасовски алудира на нацрт-закон што го предложија Алијанса за Албанците и Алтернатива. Освен тоа, министерот тврди дека Деловникот за работа на Собранието предвидувал Владата преку МВР да побара мислење за предлогот на опозицијата.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button