ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нејасна судбината на седницата за уставните измени

Нејасна судбината на седницата за уставните измени

Претседателот на Собранието Талат Џафери, не дава дополнителни појаснувања за повикот на ВМРО-ДПМНЕ да го закаже продолжението на седницата за уставни измени и да ја стави иницијативата на гласање. Од канцеларијата на спикерот на Собранието соопштија дека веќе дале одговор на прес-конференцијата од пред некој ден. Тогаш Џафери изјави дека претседателот на Собранието одлучува за продолжување на седницата кога ќе се создадат потребните услови.

Но, поранешниот спикер и екс-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, со писмо до Џафери вели дека денеска е крајниот рок за продолжување на седницата и за ставање на иницијативата на гласање.

„Денеска на 1 септември завршија десетте работни дена од отворањето на постапката и расправата за измена на Уставот на седницата број 123, закажана и одржана на 18 август. Гласањето ќе се одржи денеска. Секое друго дејство не е во согласност со Деловникот. Деловникот за работата на Собранието не дозволува нејаснотии за постапка од толку големо значење“, напиша Трајко Вељановски, Поранешен претседател на Собранието (ВМРО-ДПМНЕ).

За излез од оваа ситуација, според Вељановски, најмалку 20 пратеници мора да побараат продолжување на седницата. Ако Џафери не го почитува ова барање, тогаш Вељановски вели дека актуелниот шеф на Собранието наметнува лоша практика, се става над пратениците и го менува институционалниот политички систем.

ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека Владата ги нема обезбедено потребните 80 гласови и оти иницијативата за промена на Уставот ќе пропадне.

Но, премиерот Димитар Ковачевски вели дека дебатата за ова прашање ќе трае сè додека е потребно.

А, после вообичаената координација со неговите пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повика седницата повеќе да не се одолговлекува.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button