ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во училишните клупи седнаа околу 200.000 ученици

Во училишните клупи седнаа околу 200.000 ученици

Од утринава повторно ученички џагор во секое основно и средно училиште. Стартуваше новата учебна година. Убаво облечени и средени. Особено првачињата пред кои стартува нова етапа во животот која ќе трае следните девет години.

„Се викам Ајна. Денеска почнав прво одделение. Ќе ги научам сите букви и стихотворби. Ќе ја слушам учителката.“

„Ќе ги научам буквите и ќе научам да читам. Дали учевте букви во текот на летото? Да. Кои? Некои ги знам, некои не. Сега со голема желба ќе учам математика.“

„Се запознав со наставничката. Имам и нови другарки. Многу добро ќе научам да читам.“

И покрај желбата на децата за учење, наставниците велат дека програмскиот план за прво одделение е тежок за возраста на првачињата.

„Можам да кажам дека половина од одделението успеа да ги запомни 36-те букви и да развие лесно читање. Сепак, кај повеќето деца сепак имаше доста големи проблеми. Мислам дека предучилишното образование треба да биде задолжително за децата подобро да се подготват за прво одделение“, изјави Фатмире Кадриу, учителка.

А, кога станува збор за наставните помагала и годинава основците ќе се соочат со недостиг на книги, особено оние од шесто одделение кои веќе се вклучени во новиот наставен концепт.

„Се сретнавме со класната, се вика Селвије. Од шесто одделение имаме многу предмети, но ќе научиме. Ни рекоа дека немаме книги, но се надеваме дека ќе ги добиеме што е можно побрзо.“

„Класната ни кажа да бидеме дисциплинирани, да бидеме добри, уредни ученици и да учиме. За книгите ни рече дека не можеме да ги добиеме брзо.“

„Некои пристигнаа, но очекуваме останатите да бидат завршени оваа недела. Учебниците се основа за учениците и наставниците. Ќе остане товар за нашите колеги да бараат дополнителни материјали“, рече Фиторе Ќирези, директорка на „7 Март“.

За разлика од другите, трето и шестоодделенците чекаат книги. Според министерот за образование Јетон Шаќири, учебниците за трето се одобрени и се печатат, додека оние за шесто се во фаза на одобрување. Меѓу новитетите кои почнуваат од оваа учебна година е и пролетниот распуст кој ќе трае една недела од 29 април до 5 мај. Од министерството уверуваат дека училиштата ќе бидат безбедни и оти ќе има асистенти за децата на кои им се потребни. Новата учебна година ќе заврши на 17 јуни.

Мелихате Рустеми

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button