ФУДБАЛ

Нејмар потпиша нов договор со Пари Сен Жермен

Бразилецот Нејмар потпиша нов договор со тимот на Пари Сен Жермен, каде ќе остане во Париз до 2026 година. Со продолжувањето на новиот договор, Нејмар ќе заработи по 30 милиони евра во една сезона и ќе има дополнителен бонус, во случај во следните пет години ПСЖ ќе триумфира во Лигата на шампионите. Бразилецот Нејмар дојде во францускиот тим од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра и досега одигра 112 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 85 погодоци. Да потсетиме, Нејмар со тимот на ПСЖ собра 10 трофеи, од кои три се во Првата лига на Франција, но сепак му недостасува титулата од Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button