Нелегална „Рафинерија“ за прегорено масло

Бидејќи вратата не беше отворена, инспекторите беа принудени да се качат на терасата од куќата на соседот за да ја потврдат фактичката состојба на фабрика за преработка на изгорено масло во село Костурник, Куманово.
„На само неколку метри од првата куќа на селото, погон за преработка на изгорено моторно масло врши незаконска дејност. Додека државните инспектори за животна средина тропале на вратата од оваа фабрика, никој не отворил, а внатре се гледа дека има луѓе кои работат“.
Два часа чекаше и екипата на ТВ Алсат, која го пријави случајот дека во близина на населбата се одвива сомнителна незаконска активност. Државните инспектори рекоа дека се обврзани да побараат полициска помош по судски налог и дека вршат вонреден инспекциски надзор на барање на Министерството за животна средина.
Инспекторите додаваат дека во околината на населбата е невозможно да се добие дозвола.
Алсат го има записникот, од општинскиот инспекторат кој утврдил дека комбинатот нема дозвола за таа работа.
Оваа најава на инспекторите го натера сопственикот за неколку минути да реагира и да дојде во фабриката за да ги отвори вратите. Според жителите, ова остава сомнеж дека некој во надлежните институции го информирал инвеститорот. Жителите велат дека нема да се откажат од барањето да се затвори оваа фабрика, која според нив три недели веќе го загадува воздухот.
Освен канцерогениот мирис и чад, жителите се жалат дека им се и загадува и земјиштето преку незаконски поставената цевка за испуштање на остатоците од нафтените деривати во реката во селото Костурник. /Алсат.мк
Аднан Ќаили