ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема да „течат“ државни пари за метан во градските автобуси

Јавните превозници најверојатно нема да добијат помош од Владата и од Град Скопје за автобусите на метан. Од Министерството за екологија велат дека остануваат на вчерашниот став на Владата.

„Институциите мора да се грижат за себе и да ги преземат неопходните еколошки мерки согласно нивните надлежности.“

Од СДСМ велат дека автобусите со метан на ЈСП Скопје и на приватните превозници треба да бидат субвенционирани од Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека на претпријатието веќе му дале помош пред да поскапи метанот. Сега апелираат да им помогне Владата.

„На последната седница на Советот беше изгласано ЈСП да добие директна парична помош од Град Скопје, додека една од точките за кои ќе добие пари ова јавно претпријатие е точката за потешкотии во работењето во висина од 250 милиони денари. Ја повикуваме централната власт да го земе во предвид барањето на ЈСП за помош, согласно енормното поскапување на метанот.“

На почетокот на месецов метанот поскапе за 130%, односно од околу 45 денари, сега се продава за 110 денари.  ЈСП Скопје и приватните превозници имаат 55 автобуси кои возат на метан.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button