Нема датум за интерпелациите на ДУИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски иницијативата на ДУИ за интерпелација притив него и неговиот заменик ја нарекува обид за манипулација со јавноста. Интерпелацијата пред еден ден ја најави пратеничката група на Европскиот фронт.
Европскиот фронт поднесе интерпелација против министерот за внатрешни работи Тошковски, заменик министерот Астрит Исени , до првиот вицепремиер Изет Меџити и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ. Иницијативата дојде по инцидентите од 28 Ноември и палењето на автомобили во Куманово.
Вицепремиерот Меџити за Алсат вели дека интерпелациите се обид на ДУИ да го диктира политичкиот дискурс и дека единствена цел им е власта.
„ДУИ на секој начин се обидува да се прикаже како релевантен фактор и да го диктира политичкиот курс во државата. Но, колку повеќе се трудат, толку е појасно дека нивната цел и интерес се само власта и владините фотелји. Добро е што конечно разбраа и се помирија со фактот дека Албанците во новата Влада се претставени со нова чиста албанска политичка коалиција, додека ДУИ по 22 години е опозициска партија. Знам, не е лесно да се прифати фактот дека го скршивме митот дека ДУИ засекогаш ќе биде на власт, но тоа е политиката – кога мислиш дека си добил најмногу, всушност си изгубил најмногу“, вели Меџити.
Според Регулативата, Собранието на првата следна седница, треба да стави интерпелациите на дневен ред. Од таму потврдуваат дека спикерот Гаши ги прифатил иницијативите, додека дневниот ред ќе биде поставен согласно роковите.
СДСМ нема изградено став за интерпелациите поднесени од Европскиот фронт. Велат дека ова ќе го направат на состанокот на извршниот одбор, денеска.
Фатлуме Дервиши