ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема ширење на ковид во градинките, позитивни се 13 вработени и 9 дечиња, вели Шахпаска

Состојбата во градинките во однос на ситуацијата со ковид-19 е стабилна, како што е и во изминатата година откако тие почнаа да работата, оцени денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), посочува министерката, во градинките нема хоризонтална трансмисија на вирусот.

„Денеска на реферирањето на утринскиот Кризен штаб се информирав дека само 13 воспитувачи, вработени и стручни лица се позитивни во цела држава и само девет дечиња. Дополнително во изминатите седум дена направивме вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите кој беше остварен од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Нивниот извештај испратен до Министерството за труд и социјална политика е дека протоколите доследно се почитуваат, дека нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките“, изјави Шахпаска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button