ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нема туризам со ѓубре по улиците, велат туристичките работници

Туристичките работници побараа од властите под итно да го исчистат ѓубрето бидејќи никој не сака да патува во земја каде највпечатлив е отпадот. Туристичкиот сектор смета дека под итно треба да се донесе Закон за справување со ѓубрето бидејќи според нив кога недостасува лична култура кај добар дел од граѓаните само со закон и со ригорозни казни ќе може да се реши овој голем проблем.

„Да се донесе закон за средување на ѓубрето, ние сме еден вид на ѓубре држава да знаете. Тоа се регулира секаде на западот со закон. Без закон не може да се исчисти ѓубрето“, рече Панче Трајковски, туристички работник.

Освен проблемот со ѓубрето, на меѓународниот ден на туризмот, туристичките работници потенцираа и други проблеми меѓу кои и неисплатените субвенции. Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти парите за помош на компаниите од туристичкиот сектор не се исплатени во целост, иако пред само една недела од Министерството го тврдеа спротивното. Бектеши вети брза исплата, но изборниот законик вели дека сите финансиски исплати за време на кампања треба да бидат замрзнати, што може да ја пролонгира исплатата до ноември.

„Тие што биле изоставени од исплата ќе бидат исплатени во наредната недела или најдоцна во следните две недели, зборувам за сите оние кои ги исполнуваат условите“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Туризмот годинава испорачал позитивни резултати. За 50 отсто во однос на лани се зголемил бројот на туристи.. Но кога податоците би се споредиле со предкризната 2019 година ќе се забележи дека овој сектор е далеку од опоравен.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button