Нервоза кај родителите кои чекаат документи за државната помош

Долги редици и гужва во Агенцијата за вработување – каде родителите втор ден се обидуваат да стигнат до потребните документи за да обезбедат државна помош. Кратките рокови предизвикаа хаос но и нервоза кај родителите. Ваквата слика, предизвика и иронични коментари на социјалните мрежи дека родителите повеќе пари ќе потрошат за да ги соберат документите, отколку што е висината на државната помош.
Според владината одлука, парична помош од 1200 денари ќе им биде исплатена на сите учениците од основно и по 1800 денари на учениците од средното образование чии родители имаат месечни приходи до 50 илјади денари. Реагираа и од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ од каде велат реагираат за обемната документација и кратките рокови.
„Овие податоци тие може да ги земат или од УЈП и од Центарот за социјални грижи, каде е јасно кој родител, колку приходи зема“, вели Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.
Министерот за образование Јетон Шаќири по реакциите во јавноста, се огалси на социјалните мрежи. Тој соопшти дека постапката се олеснува:
„Со цел да ја олесниме постапката за користење на правото на парична поддршка за основците и средношколците, чии примања на родители не надминуваат 50.000 денари, како доказ за приход за лицата кои не се во работен однос ќе можете да ги приложите Изводите од банките каде имате трансакциски сметки за последниот месец пред аплицирање“, рече Шаќири.
Од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ велат дека одлуката за помош на одредена кетргоија ученици била и дсикриминаторска. Тие бараат Комисијата за заштита од дискриминација да реагира, а тие дополнително ќе поднесат преставка до нив.Рокот за пријавување за државната помош е од 18 до 25 декември.
Мики Трајковски