ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Страчинци одлучни против отворањето на каменолом

Жителите на Страчинци, продолжуваат да го изразуваат револтот за отворањето на каменоломот во близина на ова скопско село. Се плашат дека ќе им се урнат куќите ако почнат да работат на не повеќе од 400 метри воздушна линија. Против концесијата се изјасни и Општина Гази Баба, која го прогласи тој регион за ерозивна зона, што значи дека лесно може да се случи масивен одрон на карпи или свлечиште. Дури и Б-интеграциската еколошка дозвола што општината мора да ја додели, во овој случај надлежностите се преземени од Министерството за екологија. Велат дека постапуваат согласно законот и дека ќе бараат посебни услови за реализација на работите од страна на операторот кој ја добил концесијата, за да не им наштетат на жителите на тоа подрачје.

„Жал ми е што го гледам целиот тој револт на жителите. Му гарантирам на секој граѓанин, не само на тоа село, туку и на секој наш граѓанин дека Министерството за екологија, лично и јас не ставаме потпис на ниту една дозвола, која го загрозува секој човечки живот, но и животната средина. Барањето го испративме до Министерството за економија, Министерството за здравство, побаравме мислење и од секторот Водостопанство, бидејќи ерозивните зони се прогласени согласно Законот за води. Сите споменати институции дадоа позитивни одговори“, рече Беса Татеши, раководител на Одделението за доделување еколошка дозвола.

Синоќа ситуацијата ескалираше во неформалната јавна дебата организирана од претставниците на Министерството за екологија, со концесионерот и жителите на селото, кои не се согласија со наодите на надлежните. Од месната заедница ги презентираа документите, кои, според нив, сведочат за забраната за отворање на овој каменолом, а жителите се соочија со сопственикот на компанијата и претставникот на Министерството за екологија. Жителите велат дека детоанцииите ќе ги оштетат нивните домови а од прашината ќе настрада нивното здравје и земјоделските култури.

„Мислењето на општина Гази Баба, Собранието на Скопје, од втор степен, каде што се пожаливме, сите мислења се негативни. Мислењето на Дирекцијата за заштита и спасување е негативно. Шумарскиот факултет направи дециден елаборат, и го прогласи за ерозивен терен кога се случи катастрофата од 2016 година. Општинскиот совет прогласи ерозивна зона, и некои велат дека сите работи што ги спомнав не се релевантни, а тие се главните без разлика дали даваат дозвола или не. Револтот на граѓаните е на место, ако се направи тоа тука, веќе ќе нема живот“, рече Аднан Ајрула -Локална заедница, Страчинце.

Институциите годинава ги одложија работите за отворање на рудникот „Иловица-Штука“ во Струмица, по бројните реакции на жителите на тие подрачја. Ако концесијата во Страчинце не се повлече, околу 1.000 жители на ова село велат дека ќе бидат принудени целосно да се иселат од тоа село.

Отворањето на каменоломот се актуелизира, пет години по орвиот тест во 2018 година, кога како што велат жителите биле предизвикано напукнување на ѕидовите на некои куќи во селото Страчинци.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button