ВЕСТИЗДРАВСТВО

Екс директорот на Онкологија Васев и уште двајца доктори, ослободени од обвинение за несовесно работење

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев и двајца други лекари се ослободени од обвинението за несовесно работење во текот на службата, по кривичната тужба поднесена од членовите на семејството на починат пациент во 2019 година. Случајот е отворен од 2021 година. Две години подоцна, при одлучувањето во Кривичниот суд, судијката Славица Наумовска рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновска се ослободени од обвиненијата бидејќи со доказите изведени во текот на постапката не се докажува делото за кое се товарат, пренесува МИА.

„Во текот на судењето, јавниот обвинител не успеа да го докаже точното време и начинот на извршување на кривичното дело“, рече Судијката Наумовска.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, која го застапуваше случајот, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба до второстепениот суд.

„На овие пациенти им е потребна заштита според два закони; Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на правата на пациентите. Тие имаат точно дефинирани права кои се  однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, односи со лекари кои ќе им дадат доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат континуирана медицинска заштита. Овој пациент кој почина во многу тешки услови и околности не го примил истото и затоа сметавме дека е сторено кривично дело“, вели Раичевиќ.

Случајот против тројцата лекари трае од 2021 година, со обвинение дека на пациент со малигнен меланом три месеци не му била препишана терапија на Клиниката за онкологија, поради што починал по влошена здравствена состојба. Васев беше обвинет дека како тогашен директор не одобрил соодветна терапија да биде препишана на пациентот во периодот од јуни до септември 2018 година. Исто така, според обвинението тој им препорачал на роднините на пациентот да купат терапија од соседна држава. Здравствената состојба на пациентот се влошила и тој починал во јануари 2019 година.

Нино Васев е едно од имињата кое се споменуваше и  за скандалот на Клиниката за онкологија, кој изби во јавноста пред неколку месеци. Скандалот, кој се уште е во предистражна фаза, се однесува на злоупотреба на терапии за рак и нивна илегална продажба надвор од клиниката, од организирана мрежа на вработени во клиниката.  Злоупотребата траела повеќе од десет години.

Обвинителството се уште не обвинени никого за оваа злоупотреба.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button