СВЕТ

Нетанјаху до Блинкен: Испраќаме војници во Рафах, со или без американска поддршка

Нетанјаху до Блинкен: Испраќаме војници во Рафах, со или без американска поддршка

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел се уште е решен да испрати војници во градот Рафах во јужниот дел на Газа, дом на повеќе од еден милион Палестинци, и тоа ќе го стори без американска поддршка доколку е потребно, пишува Гардијан.

Како што објави Ројтерс, Нетанјаху му рекол на американскиот државен секретар Антонио Блинкен: „Се надевам дека ќе го направиме тоа со поддршка од САД, но ако треба – ќе го направиме тоа и сами“.

Во меѓувреме, американскиот потпретседател Камала Харис се огласи и предупреди дека цивилите немаат каде да избегаат од градот Рафах.

Денеска, портпаролот на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) Џејмс Елдер предупреди на потенцијалните катастрофални последици од воената операција во областа.

„Рафах е град на деца – таму има 600.000 девојчиња и момчиња. Воена офанзива во Рафах? Мислам, навредливо е вистинскиот збор. Рафах е дом на некои од последните преостанати болници и засолништа во Газа, пазари и системи за вода. Рафах е последната надеж на Газа“, предупреди тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button